Роналдо по секоја цена сака да си оди од Јунајтед, сега му се нуди и на Атлетико Мадрид

Заврши љубовта меѓу Кристијано Роналдо и „црвените ѓаволи“/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо е решен летово да си замине од Манчестер јунајтед и да се пресели во екипа што ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона и вчера беше поврзуван со трансфер во Барселона, а денеска со уште еден шпански тим, Атлетико Мадрид.

Новинарот на Скај спортс, Метју Томпсон објави дека агентот Жорге Мендеш го понудил Роналдо на Атлетико Мадрид, големиот ривал на Реал Мадрид, клуб во кој Португалецот играше девет сезони.

Оваа вест предизвика хаос на социјалните мрежи, се јавија огромен број на фанови на Атлетико, но и поранешни фудбалери кои во најголем дел не го сакаат Роналдо на „Ванда Метрополитано“. Но, има и мал број на фанови кои сметаат дека на Атлетико очајно му треба суперѕвезда со победничкки менталитет каков што има Роналдо.

Според весникот „Ас“, пред Роналдо се пет можности, првите две се Баерн Минхен и Барселона и тие се поврзани со Роберт Левандовски. Доколку Левандовски замине од Баерн во Барселона, тогаш шансите за Португалецот да пристигне на „Алијанц Арената“ во Минхен се зголемуваат, но притоа тој ќе мора да ги намали барањата.

Доколку пак Левандовски остане во Баерн, тогаш во игра е Барселона чиј претседател Жоан Лапорта вчера имал средба со агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш.

Третата опција е Челзи чиј сопственик Тод Боли дури отпатува за Португалија на средба со Мендеш. Боли му порачал на Мендеш дека менаџерот на „сините“ Томас Тухел нема да има ништо против Роналдо да се пресели на „Стемфорд Бриџ“ откако Ромел Лукаку замина на едногодишна позајмица во Интер.

Четврта и петта опција се италијанските екипи Наполи и Рома. Во Рома тој повторно би соработувал со Жозе Мурињо кој седи на клупата на „римската волчица“, додека во Наполи сметаат дека Португалецот е идеалниот човек кој може да им да донесе титулата во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот