Роналдо го избришал Линекер од Инстаграм, откако кажал дека Меси е подобар
Легендарниот англиски голгетер Гери Линекер откри интересен детал, според неговите зборови, Кристијано Роналдо го избришал од својата листа следбеници на Инстаграм поради јавно изразен став околу вечната дебата „Меси или Роналдо“.
Препорачано
Линекер во подкастот The Rest Is Football, кој го води заедно со Алан Ширер и Мика Ричардс, објасни дека „ладењето“ на односот дошло откако јавно изјавил дека Лионел Меси го смета за покомплетен играч.
„Очигледно не сум му омилен. Ме отстрани од листата на следбеници на Инстаграм откако кажав дека Меси е подобар фудбалер во целина“, изјави Линекер.
Неговиот став не е изненадување ако се знае дека поранешниот напаѓач има силна врска со Барселона, каде што своевремено настапуваше, и долги години јавно го поддржува Меси.
Сепак, Линекер нагласува дека тоа не значи дека не го цени Роналдо, напротив, често потенцира дека станува збор за еден од најголемите фудбалери во историјата, со импресивна кариера и неверојатна посветеност на играта.
ВИДЕО | Роналдо се врати на терените по повредата и веднаш даде два гола
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
38мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


