Роналдо брка светски рекорд на мечот против Унгарците

epa09091308 Portugal soccer team player Cristiano Ronaldo in action during a training session in Juventus training center in Turin, Italy, 23 March 2021. Portugal will face Azerbaijan in their 2022 FIFA World Cup qualification UEFA Group A soccer match on 24 March 2021. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Според денешниот распоред на Европското првенство се играат натпреварите од „групата на смртта“ (Ф). Првиот е од 18.00 часот помеѓу Унгарија и бранителот на титулата Португалија на „Пушкаш“ Арената во Будимпешта, а вториот е помеѓу Франција и Германија од 21.00 часот на „Алијанц“ Арената во Минхен.

Пред да се соочи со Германците и актуелниот светски првак Франција, Португалците денеска ќе ги одмерат силите на гостински терен кај Унгарците кои сигурно ќе имаат голема поддршка од трибините.

Унгарија во неверојатен натпреваар од доигрувањето во квалификациите за Евро 2020, го совлада Исланд со 2:1, иако имаше негатива до 88 минута.

Пет години после титулата на Португалците на ЕП во Франција, составот на Фернандо Сантош има доста играчи кои се во врвна форма, додека Кристијано Роналдо е на само пет голови до светски рекорд кога се во прашање головите за репрезентацијата. Светскиот рекордер е Али Даеи кој во 149 настапи за Иран успеа да реализиран 109 голови.

Роналдо на минатото ЕП против Велс имаше гол со што се израмни со рекордот на легендарниот Мишел Платини по бројот на погодоци на Европските првенства. Двајцата моментно имаат по девет голови, а Роналдо денеска против Унгарците ќе го брка 10-от за испишување нова историја.

ВИДЕО: Роналдо поради „Кока-Кола“ направи шоу на прес конференција!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот