ВИДЕО: Роналдо поради „Кока-Кола“ направи шоу на прес конференција!

epa09102265 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the Group A of FIFA World Cup Qatar 2022 qualifier match at Rajko Mitic Stadium in Belgrade, Serbia, 27th March 2021. EPA-EFE/MIGUEL A. LOPES

Првиот натпревар Португалија, актуелен европски шампион, на континенталниот собир ќе го одигра денеска од 18.00 часот во Будимпешта, а противник е репрезентацијата на Унгарија.

Во истата група „Ф“ на Европското првенство, се наоѓаат уште селекциите на Франција и Германија кои ќе се соочат во Минхен од 21.00 часот во дербито на колото.

За мечот Унгарија – Португалија унгарскиот главен град овозможи целосен капацитет на стадионот, а се очекуваат околу 60.000 навивачи.

Пред дуелот се одржа прес-конференција на која еден од најискусните во редовите на Португалите, Кристијано Роналдо имаше свое „шоу“.

По пристигнувањето во прес-зоната, Португалецот веднаш ги отстрани шишињата „Кока-Кола“, која е една од спонзорите и имаше само една кратка порака: „Пијте вода“.

Познато е дека Роналдо води многу здрав живот, а реакцијата од прес-конференцијата веќе стана хит на социјалните мрежи.

Новинарите присутни на прес-конференцијата беа заинтересирани и што ќе се случи со неговиот клупски статус и дали ќе остане во Јувентус и следната сезона.

Но, веднаш стана јасно дека Роналдо не е расположен да зборува за Јувентус и тој јасно рече дека во моментов е фокусиран само на репрезентацијата на Португалија и на Европското првенство.

– Играм на врвно ниво веќе 18 години, но тоа не е проблем за мене. Да имав 18 или 19 години сигурно немаше да спијам од возбудата и да размислувам за својата иднина. Сега ситуацијата е поинаква. Имам 36 години и сега не ми е важно дали ќе останам или ќе го напуштам Јувентус. Што и да се случи, ќе биде најдобро за обете страни. Сега сум фокусиран само на ЕП и сакам да го освојам. Оптимисти сме и сакам да имам позитивно размислување од првиот до последниот натпревар – рече Роналдо.

Да потсетиме, Португалците на овогодинешното Евро ја бранат титулата освоена во 2016 година во Франција.

Германците со нетрпение го очекуваат дуелот со светскиот шампион

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот