Роналдињо игра фудбал во затвор (ФОТО+ВИДЕО)

фото: твитер

Бразилската легенда која своевремено ги бранеше боите на Барселона, заедно со неговиот брат Роберто се во затвор, бидејќи во Парагвај пристигнаа со лажни документи.

Судот во Парагвај го отфрли барањето на адвокатот на легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и неговиот брат Роберто да бидат пуштени да се бранат од слобода.

Иако првично беше објавено дека Роналдињо и Роберто ќе бидат ослободени брзо и ќе поминат само парично казнети, откако пристигнаа во Парагвај со лажни документи, работите се искомплицираа.

Двајцата се во затвор од минатиот петок. Нивниот адвокат двапати испрати барање да се бранат од слобода, но беа одбиени поради стравувањата дека браќата може да избегаат или на кој било начин да влијаат на истрагата.

Потсетување дека Роналдињо и Роберто се бранеа велејќи дека ги добиле фалсификуваните документи како подарок.

Досега се уапсени 16 лица осомничени за вмешаност во тоа кривично дело, потврди обвинителот Федерико Делфино.

Патем, во странските медиуми се појавија фотографии во кои се гледа како Роналдињо игра фудбал со затвореници во обидот да добие печено прасе од 16кг.

Се организираше турнир и неговиот тим го освои истиот со триумф во финалето од 11:2. Бразилецот постигна пет голови, а беше асистент на останатите погодоци.

Неговиот поранешен тимски колега од Барселона Лионел Меси ќе се обиде да помогне да го извлече од затвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот