Романите на Агата Кристи преуредени поради потенцијално навредлив јазик

Агата Кристи / Фото: Profimedia

Неколку романи на британската писателка Агата Кристи беа преуредени поради потенцијално навредлив наратив, кој вклучува навреди и расни референци, објавија британските медиуми.

Романите на „кралицата на криминалистичката литература“ се најновите класици што се ревидираат за да се отстранат расистичките референци и јазикот што се смета за навредлив за модерната публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malø de Brume (@embrunslitteraires)


Издавачката куќа „Харпер Колинс“ ги уреди некои од пасусите во книгите на Кристи, а некои целосно ги отстрани од новите дигитални изданија. Станува збор за детективски мистерии, во кои се појавуваат фиктивните ликови Херкул Поаро и госпоѓица Марлп, кои првично биле објавувани од 1920 до 1926 година, а сега треба да бидат реобјавени во нови дигитални верзии од истата издавачка куќа.

Имено, посебна група читатели-критичари направила промени во текстовите, поврзани со расна припадност, описи на женското тело и одредени придавки кои би можеле да бидат навредливи во денешно време.

Ова е првпат романите на Агата Кристи да бидат изменети, иако книгата „And Then There Were None“ („И тогаш не остана никој“) првично била насловена „Ten Little Niggers“ („Десет мали црнци“).


Во ревидираната верзија на книжевната збирка „Miss Marple’s Final Cases and Two Other Stories“ („Последните случаи на госпоѓица Марпле и уште две други приказни“), зборот „домашен“ бил заменет со „локален“.

Пасусот кој го опишува слугата како „црнец“ кој „се насмевнува“ е ревидиран, па во новата верзија на книгата ликот „само кимнува со главата“, без реферирање на неговата раса.

Исто така, во книгата „Death on the Nile“ („Смрт на Нил“) е отстрането секое спомнување на „нубијскиот народ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот