фото: EPA-EFE/ASH ALLEN

Рома испрати официјална понуда за Џејдон Санчо

Италијанскиот фудбалски клуб Рома достави понуда за крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо, пишува Фабрицио Романо.

Понудата на „Волците“ е за траен трансфер вреден 20 милиони евра. Италијанскиот клуб е отворен и за позајмица со опција за откуп.

На „Олимпико“ сега чекаат одлука од „Црвените ѓаволи“ и играчот.

Санчо не се вклопува во плановите на менаџерот Рубен Аморим, и сигурно ќе го напушти „Олд Трафорд“. Минатата сезона играше на позајмица во Челси, но „Сините“ одбија да го купат.

Рома е заинтересирана и за крилниот напаѓач на Астон Вила, Леон Бејли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот