„Ролинг стоунс“ обвинети за кражба на песна

Британски рокенрол бенд „Ролинг стоунс“ повторно се соочи со тужба за авторски права, овој пат поради песната „Living In A Ghost Town“. Авторот на песната Серхио Гарсија Фернандез попознат по уметничкото име „Angelslang“ тврди дека своите песни му ги дал на еден од најблиските членови на семејството Џегер, по што ја снимиле споменатата песна за која тврди дека е оригинално негова, пишува „NME“.
View this post on Instagram
Во тужбата, Фернандез тврди дека песната на Ролинг Стоунс „Living In A Ghost Town“ присвоила многу од препознатливите и клучните заштитени елементи од две негови песни, од 2006 година – „Sorry“ и „ Seed Of God“ од 2007 година.
Фернандез тврди дека ЦД-то со музиката му го дал на најблискиот член на семејството на Мик Џегер и дека Ролинг Стоунс ја снимиле споменатата песна недолго потоа.
„Член на потесното семејство на Џегар потврди дека го добил спорното ЦД на обвинетиот преку е-пошта и напиша дека музичките дела на обвинетиот и нивниот стил се она што може да ги интересира Ролинг стоунс“ – гласи изјавата на адвокатите на Фернандез за „Билборд“.