Фото: ffm.mk

Роберто Росети, шефот на судии на УЕФА за прв пат во Македонија

Во организација на Фудбалска федерација на Македонија, во четврток, 19 февруари, со почеток од 14.00 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје ќе се одржи свеченото доделување на ФИФА значките за македонските интернационални судии за 2026 година.

Настанот ќе го отвори претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на чија покана во Скопје ќе престојува и шефот на судии на УЕФА, Роберто Росети. Росети, кој воедно е и комесар за делегирање судии во рамки на УЕФА, ќе одржи предавање пред македонските арбитри.

Свое излагање ќе има и претседателот на Судискиот одбор при ФФМ, Емил Божиновски, а на семинарот ќе учествуваат повеќе од 70 судии од целата држава.

Ова е првпат Македонија и ФФМ да бидат посетени од шеф на судии на УЕФА, и тоа на официјална покана на претседателот на ФФМ, што претставува силна потврда за угледот на раководството на нашата федерација и активната соработка со европските фудбалски институции.

Во рамки на настанот, свечено ќе им бидат доделени ФИФА значките на македонските интернационални судии за 2026 година.

– Ова е значаен момент за македонското судење. Присуството на Роберто Росети и директната комуникација со највисокото ниво на европското судење претставуваат огромна можност за нашите судии. Верувам дека ваквите настани ќе придонесат кон дополнително професионализирање, поголема одговорност и уште подобра меѓународна афирмација на нашите арбитри – истакна Јосип Бартон, комесар за делегирање судии во рамки на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот