Роберт Левандовски од следната сезона би можел да игра во Италија
Роберт Левандовски, 37-годишниот полски напаѓач, му е понуден на Милан како засилување за следната сезона. Неговиот договор со Барселона истекува на лето, што значи дека би можел да пристигне на Сан Сиро без надомест.
Препорачано
Во време кога Милан бара искусен напаѓач за да ги зголеми своите амбиции, доаѓањето на еден од најдобрите стрелци во неговата генерација претставува примамлива можност, пишува Gazzetta.it
По Борусија Дортмунд, Баерн и Барселона, Левандовски сака уште еден предизвик во еден од големите европски клубови, а Милан се појавува како привлечна дестинација. Неговите агенти активно истражуваат опции, а Милан, кој се стреми да се врати на врвот на Европа, совршено се вклопува во тие планови.
Полјакот би го решил проблемот со неефикасноста во нападот на третопласираниот тим од Серија А. Оваа сезона тој постигна 12 лигашки голови за Барселона и вкупно 17 во 39 натпревари.
Покрај „росонерите“, и Јувентус исто така е заинтересиран за услугите на Левандовски веќе долго време.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
4час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


