Робен ја прекинува пензијата и се враќа во клубот од детството

twitter/Urban Football Show

Легендарниот холандски фудбалер Арјен Робен објави дека ќе ја прекине пензијата и ќе игра за Гронинген, тимот во кој ја започна професионалната кариера.


По 18 години се враќам во Гронинген. Го подржував клубот за време на кризата и размислував како можам да бидам од поголема корист. Разговарав со челниците на клубот во изминатите недели и ги послушав барањата на навивачите да го следам срцето. Се надевам дека ќе се видиме многу брзо – изјави Робен.

Арјен Робен има 36 години, а се повлече на крајот од минатата сезона кога со Баерн триумфира во Бундеслигата и во германскиот Куп.

Неверојатната кариера на Робен започна во 2000 година токму во Гронинген по што следеше трансфер во ПСВ Ајндховен (2002-2004), а потоа и во Челси. Холанѓанецот на „Стемфорд бриџ“ се задржа три години (2004-2007) пред да се пресели во Реал Мадрид (2007-2009), а од 2009 година е фудбалер на Баерн Минхен со кого гиоствари најголемите успеси и во 2013 година триумфира во Лигата на шампионите.

Во дресот на холандската репрезентација, одличното лево крило одигра 96 натпревари и постигна 37 гола, а играше на три Светски првенства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот