РК Мулти Есенс од следната сезона ќе игра во Суперлигата

фото: RK Multi Essence

РК Мулти Есенс е новиот шампион во Првата македонска ракометна лига по победата над РК Металург РА.

Ракометарите на Мулти Есенс од следната натпреварувачка сезона ќе настапуваат во најсилната Суперлига.

Денеска успеаја да ја совладаа екипата на РК Металург РА со конечен резултат 30:25.

На три кола до крајот на натпреварувачката сезона го добија шампионскиот пехар.

РК Мулти Есенс има учинок од 15 победи во 15 одиграни плеј-оф натпревари и недостижна предност пред ривалите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот