Ристовски: Срамно е да играме на ваков терен

фото: ФФМ

Стефан Ристовски кој против Ерменија ја носеше и капитенската лента бидејќи Пандев не беше во првиот тим, во победата најде замерки, но не за неговите колеги туку за теренот на Националната Арена „Тодор Проески“.

– Ќе бидам краток. Сакам да им честитам на момците, за мене не се ова само три бода, туку имаат вредност на злато. Можеби од страна и не изгледаше фудбалски добро, но на ваков терен подобро и не е возможно. Ако треба да играме на ваков терен, тогаш нека ни кажат и да одиме да играме на друг стадион. Ова е срамота. Зборуваме за Македонија која сакаме да игра на Европско првенство. Со недели сме затворени во карантини за да дојдеме и да „изгинеме“ во националниот дрес, а не пречекуваат со ваков терен – изјави Ристовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот