Ристовски: Моја жална Македонијо – РК Вардар, ФК Вардар, Кометал..кој е следен?

фото: ФФМ

Ракометниот клуб Вардар 1961 следната сезона нема да настапува во Лигата на шампионите откако беше исклучен од ЕХФ поради финансиските проблеми.

Генералниот менаџер на клубот Михајло Михајловски кажа пред јавноста дека многумина му ветувале поддршка, но не добил никаква помош.

По тој повод преку социјалните мрежи се огласи и фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски.

Нашиот дефанзивец исто така е разочаран од ситуацијата во која се најдоа „црвено-црни“, но и оние фудбалските „црвено-црни“, потоа кошаркарскиот клуб на Работнички, женскиот ракометен клуб на Кометал…севкупно со коментар за целокупната ситуација на спортот во нашата земја.

Токму Ристовски се потсети на успешните спортски приказни кои на крајот се соочиле со лош крај, и ја опиша Македонија како жална.

Фото: Принтскрин/instagram.com/stefan_ristovski_13

– ФК Вардар, РК Вардар, КК Работнички, ЖРК Кометал…Брендови на Македонија?? Кој е следен…? А да…други ни се криви! МОЈА ЖАЛНА МАКЕДОНИЈО – стои во објавата на Ристовски на Инстаграм.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот