Ристовски и Спортинг си обезбедија пласман во нокаут фазата во ЛЕ, нова мизерија на Арсенал

EPA-EFE/RODRIGO ANTUNES

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски заедно со својот Спортинг опбезбедија пласман во нокаут фазата во Лигата на Европа, откако пред своите гледачи го прегазија ПСВ со 4:0.

Ристовски не беше дел од тимот на Спортинг, но неговите соиграчи со убедливата победа во петтото коло си обезбедија пласман во следната фаза. Дилемите околу победникот беа разрешени уште во првото полувреме во кое Спортинг постигна три гола.

Сигурен патник во нокаут фазата е и Севилја, која останува со максимален ефект откако пред своите гледачи со 2:0 го победи Карабах.
Најголеми возбудувања имаше на „Емирати“ во Лондон, каде Арсенал е поразен од Ајнтрахт со 1:2, а новиот неуспех на „топчиите“ најверојатно ќе значи отказ за тренерот Унаи Емери.

Резултати:
Арсенал – Ајнтрахт 1:2
Селтик – Рен 3:1
Дуделанж – АПОЕЛ 0:2
Гимараеш – Стандард 1:1
Лацио – Клуж 1:0
Лугано – Копенхаген 0:1
Малме – Динамо Киев 4:3
Розенборг – ЛАСК 1:2
Севиља – Караках 2:0
Спортинг – ПСВ 4:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот