Ристовски и Пешов биле неоправдано држени во притвор, одлучи Европскиот суд за човекови права

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на поранешниот министер за образование и за труд и социјална политика, Спиро Ристовски неоправдано му бил продолжуван домашниот притвор за случајот „27 април“. ЕСЧП утврди дека е повредено правото на слобода и на бранителот Митко Пешов, обвинет во предметот „Организатори на 27 април“.

Информацијата ја сподели адвокатката на Пешов, Павлина Зефиќ.

Втора пресуда на Европскиот суд за човекови права, во која се утврдува повреда за обвинетиот Митко Пешов, обвинет во предметот 27-ми Април, во постапката со одредување на мерката притвор од домашните судови. Мали износи на штета, но за нас голема сатисфакција зошто знам дека ќе следуват и други пресуди со повреди од судот во Стразбург за оваа постапка. Се надевам судовите ќе извлечат поука и ќе ја променат праксата со притворите, за да не плаќаат граѓаните за нивните грешки! – напиша Зефиќ.

Тужената држава треба да ги плати, во рок од три месеци, следните износи, кои треба да се претворат во валутата на тужената држава по стапката што се применува на датумот на порамнување:
750 евра на секој од апликантите, плус секој данок што може да се наплати, во однос на нематеријална штета; 1.440 евра на првиот апликант и 1.500 евра на вториот апликант, плус кој било данок што може да им се наплати, во однос на трошоците и расходите. – се наведува во пресудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот