Рики Мартин драстично го смени својот изглед: Обожавателите со поделени мислења

Instagram

Во недостаток  на музички концерти и настапи Рики Мартин ужива со своето големо семејство, сопругот Јиван Јосеф и нивните  четири деца. А  изгледа дека и дома  му е многу здодевно, и не знае што да прави самиот со себеси, па решил да си ја бланшира брадата.

Пејачот ги изненади со својот нов изглед своите скоро 15 милиони следбеници на социјалната мрежа „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

„Изгледаш како Дедо Мраз“, му пиша еден обожавател. „Започнуваш нов тренд“, му ласкаше друг. Рики позираше и со Греми наградата што ја доби за албумот „Pausa“, но сето тоа падна во втор план поради неговата брада.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ricky Martin (@ricky_martin)

„Кога ти е здодевно, бланширај се!“, напиша пејачот во описот на една од фотографиите што ги објави.

Рики Мартин во 2010 година скрши многу женски срца кога откри дека е хомосексуалец. Тој е во врска со сликарот Јиван од 2016 година, а во ток-шоуто на Елен Деџенерис во 2018 година потврди дека се венчале во тајност и дека имаат четири деца од сурогат мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот