Ријека со најлудиот гол обезбеди учество во ЛЕ (ВИДЕО)

epa08714000 Copenhagen's Kamil Wilczek (R) and HNK Rijeka's Niko Galovic in action during the UEFA Europa League playoff match between FC Copenhagen and HNK Rijeka in Copenhagen, Denmark, 01 October 2020. EPA-EFE/LISELOTTE SABROE DENMARK OUT

Македонскиот репрезентативец Даре Велковски ќе игра во групната фаза во Лигата на Европа и тоа благодарение на најлудиот гол во квалификациите.

Ријека со 1:0 славеше на гостувањето кај Копенхаген, а единствениот гол беше постигнат во 20. минута.
Франко Андријашевиќ претрча 50-тина метри со топката во своите нозе, успеа да ги измами дефанзивците на Копенхаген кои дури и се судрија и останаа да лежат на теренот, а потоа го лобуваше голманот Јонсон.

Топката не влезе во голот, удри во пречката, а потоа и во ногата на несреќниот Анкерсен по што заврши во мрежата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот