Резников убеден дека западните сојузници ќе испратат борбени авиони во Украина

Олексиј Резников/ Фото: Sergei SUPINSKY / AFP / Profimedia

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников, во интервју за популарниот германски весник „Билд“ изјави дека е „убеден“ оти западните земји ќе испратат борбени авиони во Украина и покрај противењето на некои сојузници.

Украинскиот министер во интервју за „Билд“ изјави дека е „убеден“ оти Украина „ќе добие два до три различни типови борбени авиони“. Изборот на авиони што ќе ги добие Украина, вели Резников, зависи од „достапните инженери, аеродромите, одржувањето и резервните делови“.

Резников наведува дека верува оти западните сојузници ќе создадат т.н „авионска коалиција“, исто како што се случи неодамна со договорот за испраќање моќни германски тенкови од типот „Леопард 2“ во Украина.

Украинскиот министер за одбрана, правејќи паралела со договорот за испраќање тенкови на кој Германија првично се спротивстави, рече дека верува оти западните земји на почетокот нема да се согласат да испратат борбени авиони, но со текот на времето ќе се предомислат.

Според „Билд“, западните сојузници му сигнализирале на Киев дека се подготвени да започнат со обука на украински пилоти и разбираат дека испраќањето борбени авиони е следниот чекор во зајакнувањето на украинската воздушна одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот