Тара Талер / Далибор Матаниќ / Фото: Kinorama / Gustav Film / See Fil / AFP / Profimedia

Режисер, кој вознемируваше млади актерки, трајно исфрлен од Друштвото на хрватски филмски режисери

Хрватскиот режисер Далибор Матаниќ (51) со години испраќал непримерни пораки и создавал непријатни ситуации за време на снимањето на филмовите, пишува хрватски „Вечерњи лист“, кој разговарал со неговите жртви, генерално, млади девојки.

Режисерот Далибор Матаниќ сега е трајно исклучен од Здружението на хрватски филмски режисери (ДХРР), одлуката е донесена на редовната седница на Собранието одржана во вторникот. Веста, која се проширила по божиќната забава на здружението, била потврдена за хрватски „24 часа“ од три независни извори, како и од самото Здружение.

Оваа драстична мерка следела по јавните обвинувања дека режисерот сексуално вознемирувал млади актерки и колешки, како и по неговото признание за несоодветно однесување, кое подоцна се обидел да го релативизира.

Покрај тоа, против Матаниќ беа поднесени четири кривични пријави.

Од тие четири пријави, три се поднесени од жртви, а една од Народната правобранителка за родова еднаквост. Токму извештајот на народната правобранителка, кој пристигнал во Канцеларијата на Општинскиот кривичен државен обвинител во Загреб во август, е најтежок. Покрај сексуалното вознемирување, Матаниќ е обвинет и за непристојни дела и консумирање дрога.

Поради овој скандал, тој ги изгуби сите работни ангажмани, меѓу кои и голема европска серија и предизборен ангажман за политичка партија.

Матаниќ им испраќал пораки со сексуална содржина на голем број жени, често оправдувајќи ги контактите со понуди за работа, по што ги убедувал да се префрлат на мобилната апликација Вибер.

Младата хрватска актерка и музичарка Тара Талер во интервју за „Вечерњи лист“ откри сè за тоа како доживеала сексуално вознемирување од Матаниќ.

Хрватски режисер со години вознемирувал жени: „Им се извинувам на актерките, сè се случуваше кога бев под дејство на алкохол или дрога“

„Добив и таква порака од него“: Уште една актерка доживеала сексуално вознемирување од хрватскиот режисер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот