Тара Талер / Далибор Матаниќ / Фото: Kinorama / Gustav Film / See Fil / AFP / Profimedia

„Добив и таква порака од него“: Уште една актерка доживеала сексуално вознемирување од хрватскиот режисер

Младата хрватска актерка и музичарка Тара Талер во интервју за „Вечерњи лист“ откри сè за тоа како доживеала сексуално вознемирување.

Тара е уште една актерка која го обвини хрватскиот режисер Далибор Матаниќ.

Тој претходно беше обвинет за сексуално вознемирување, а им праќал непристојни пораки на младите актерки.

Она што младата актерка го истакнува во интервјуто за „Вечерњи лист“ е дека мисли дека сигурно неколку луѓе лажат дека не знаеле за неговото однесување.

– Колку што разбрав од сведочењата на жртвите, некои биле и предупредени за неговиот пристап кон работата и таквото сомнително однесување. Тука се и некои луѓе кои сигурно го прифатиле тоа како дел од работата токму затоа што нема многу ангажмани во Хрватска, па сигурно некои девојки размислувале дека не можат да си дозволат да одбијат некоја голема работа. На академијата нè учеа за тоа што е сексуално вознемирување, а пред нас никој за тоа не ни зборувал. Кога ќе се најдеш во таква ситуација, не знаеш како да се одбраниш. И јас бев во една таква слична ситуација, ми рекоа дека тој тоа не го мисли сериозно – раскажала Тара.

Кога директно ја прашале дали доживеала сексуално вознемирување, одговорот бил јасен.

– Да, го доживеав тоа, а исто така добив таква порака од Далибор Матаниќ – додала актерката.

Тара работела со него на снимање на реклама и тогаш, како што вели, сè било нормално.

– Еднаш ми испрати порака и му дадов до знаење дека не сум заинтересирана. Тоа не беше ништо директно, но можеше да се прочита меѓу редови дека неговата покана е чудна. Во тој момент дури не го ни осудив, бидејќи не знаев како да се поставам. Кога го доживеав сексуалното вознемирување, сето тоа беше како низ некоја шега и „лесно“. Во секој момент таквите предатори можат да кажат – „па ти погрешно си ме сфатила“. Кога го слушав предавањето за сексуално вознемирување, сфатив дека тоа е сето она што ве доведува во непријатна положба и кога е вашата граница надмината – раскажала, меѓу другото, Тара за „Вечерњи лист“.

Хрватски режисер со години вознемирувал жени: „Им се извинувам на актерките, сè се случуваше кога бев под дејство на алкохол или дрога“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот