Ревија зад затворена врата: И Армани со превентивни мерки против коронавирусот (ВИДЕО)

 

Италијанскиот моден креатор Џорџо Армани одлучи, во рамките на Модната недела во Милано, во неделата да ја одржи ревијата зад затворени врати поради ширењето на коронавирусот во Италија.

„Џорџо Армани сака да ве информира дека неговата женска колекција за есен/зима 2020/2021 ќе биде претставена зад затворени врати поради развојот на епидемијата на коронавирусот во Италија. Ревијата што ќе се одржи во празна сала, ќе биде во живо емитувана на официјалната веб-страница armani.com, Инстаграм и на Фејсбук. Одлуката е донесена поради доброто на сите гости, за да се избегне престојот во пренатрупаниот простор“, стоeше во официјалната изјава на модната куќа „Армани“.

Националната Комора на италијанската модна индустрија, која ја организира ревијата, соопштила дека Армани е првиот што ја донел таквата одлука.

Во Италија најголем број случаи заразени со коронавирусот е забележан во Ломбардија, чиј административен центар е Милано, градот во кој се одржа ревијата.

Погледнете како изгледа новата колекција на Армани за есен – зима 2020 / 2021:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот