Ретрограден Нептун од 28 јуни: Време е за соочување со вистината

хороскоп
Фото: Pixabay

Нептун ќе почне да се движи ретроградно на 28 јуни, непосредно пред новата месечина. Ретроградниот Нептун може да открие некои скриени работи или кои можеби не сме сакале да ги видиме – време е за соочување со вистината.

Оваа енергија може да ја активира нашата природна интуиција и психички способности и да ја подобри нашата перцепција за „невидливиот“ свет. Можеме да го насочиме да ги поттикне нашите креативни проекти, да направи да се чувствуваме инспирирани и подлабоко поврзани со животот околу нас и да примаме пораки од нашите духовни водичи.

Со сета оваа моќна енергија која ќе се активира со ретроградниот Нептун во знак Риби и младата месечина во Рак, ќе треба да бидеме свесни и да одржуваме рамнотежа.

Ретроградниот Нептун е една од оние суптилни енергии што не ги чувствуваме толку силно. Како што одминуваат деновите, водената енергија ќе се смирува и ретроградниот Нептун ќе исчезне во заднината на нашите животи до 9.12.2022 година кога ќе почне да се движи директно.

Летен солстициум: Што значи за вашиот хороскопски знак

 

Планетата е секогаш најсилна на денот кога почнува да се движи ретроградно и на денот кога повторно ќе почне да се движи директно, така што ова се датумите на кои треба да обрнете внимание.

Нептун е владетел на водата, духовноста, интуицијата, креативноста, илузијата, измамите, соништата, уметноста, фантазијата и забавата. Секогаш кога енергијата на Нептун е силна, таа фрла превез, што понекогаш може да создаде конфузија кај речиси сите хороскопски знаци.

Нептун го прави ова затоа што сака да погледнеме подалеку од надворешниот свет и да ѕирнеме во нашиот внатрешен свет. Меѓутоа, кога Нептун влегува во ретроградна состојба, превезот се крева и доаѓа време на соочување со вистината. Доаѓа крај на илузиите, а измамите се разоткриваат. Ретроградниот Нептун може да открие некои скриени работи или работи кои можеби не сме сакале да ги видиме.

Овој циклус на ретрограден Нептун, исто така, ќе ни помогне да погледнете наназад на настаните од крајот на јуни до почетокот на декември 2021 година, за да видите дали треба да гледате на работите со здрава доза на реалност. Можеби ќе треба да ги извадите вашите розови очила и да се соочите со вистината. Бидејќи Нептун владее со духовноста, за време на неговото ретроградно движење е исто така добро време да размислите за вашето духовно патување и дали сте во склад со вашата душа.

Што ќе му донесе сезоната на Рак на секој хороскопски знак?

Ретроградниот Нептун ви овозможува да видите каде можеби сте биле лажно водени или каде се обидувало да ве одвете вашето его. Нептун е исто така планета на безусловна љубов, безусловна љубов која е надвор од нашите односи и е поврзана со вечниот дел од нашата душа.

За време на ретроградниот Нептун, размислете како можете да активирате повеќе од оваа безусловна љубовна енергија во вашиот живот. Што ве спречува да ја почувствувате љубовта таква каква што е? Што ве спречува да се поврзете со таа голема љубовна енергија?

Во зависност од тоа каде се наоѓате на вашето патување, ретроградниот Нептун може да ве охрабри да пристапите и да почувствувате повеќе од оваа љубов или да споделите повеќе од истата со луѓето околу вас.

Ретроградниот Нептун може да ви помогне да ги разберете работите и да стекнете подлабока перспектива и јасност и да се движите кон повисока и поконзистентна вистина. Оставете работите да течат, поврзете се со емоциите и дозволете ѝ на вашата понежна, почувствителна страна да блесне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот