Фото: Општина Центар

Реновирање во училиштето „11 Октомври“, се обновуваат подовите во повеќе училници

Во тек е реконструкцијата на основното општинско училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од заложбите на Општина Центар за унапредување на условите во сите училишни објекти на територијата на општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски изврши увид на терен каде  се информираше за текот на работите и динамиката на реализација на градежните зафати.

Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела неуморно се работи на реконструкцијата на ООУ ‘11 Октомври’, со цел учениците да започнат со настава во подобри, поквалитетни услови. Секоја реконструкција е инвестиција во иднината, a здравата, чиста и функционална училишна средина е предуслов за квалитетно образование и личен развој. Нашата цел останува иста, а тоа е сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок – изјави Герасимовски.

Во рамки на реконструкцијата се врши целосна замена на подовите во три кабинети и пет училници, додека во дополнителни три училници се изведуваат активности за стругање и лакирање на подовите. Паралелно се спроведуваат гипсарски работи, а предвидено е и молерисување на целиот училишен објект.

Оваа реконструкција претставува продолжение на веќе реализираните инвестиции во ООУ „11 Октомври“. Досега беше темелно обновена училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, реновирана е фискултурната сала, како и санитарните јазли во објектот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот