Рекордни 24 трки следната сезона во Формула 1 шампионатот

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Раководството на Формула 1 го објави натпреварувачкиот календар за 2023 година, во која има рекордни 24 трки. Календарот за натпреварување беше одобрен од Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) и Советот на светскиот мото спорт.

Сезоната официјално ќе започне на 5 март во Бахреин, две недели подоцна трката ќе се одржи во Саудиска Арабија, а на 2 април во Австралија. Трката во Кина е закажана за 16 април, во Азербејџан на 30 април, а во Мајами на 7 мај.

Две недели подоцна трката за Големата награда на Емилија Ромања ќе се вози во Италија, на 28 мај во Монако, на 4 јуни во Шпанија, а 14 дена подоцна ќе се вози трката во Канада.

Четири трки ќе се одржат во јули, на 2 јули во Австрија, 9 јули во Велика Британија, 23 јули во Унгарија и 30 јули во Белгија.

Потоа следува летна пауза, а првенството ќе продолжи на 27 август во Холандија. Следува трка во Италија на 3 септември, потоа во Сингапур на 17 септември и во Јапонија седум дена подоцна.

Трката во Катар е закажана за 8 октомври, во САД на 22 октомври, а во Мексико на 29 октомври.

Најдобрите светски Ф1 возачи ќе се натпреваруваат во Бразил на 5 ноември, во Лас Вегас на 18 ноември и тоа во сабота, за прв пат од 1985 година, а сезоната ќе заврши на 26 ноември во Абу Даби.

– Присуството на 24 трки во календарот на Светското првенство во Формула 1 во 2023 година е дополнителен доказ за растот и привлечноста на спортот на глобално ниво. Додавањето нови трки и задржувањето на традиционалните места покажува дека ФИА добро управува со спортот – рече претседателот на ФИА, Мохамед бин Сулајем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот