Рекордер: Вучиќ за четири години девет пати ветил дека ќе го напушти раководството на СНС

Српскиот претседател Александар Вучиќ/ Фото Архива на Слободен печат

Претседателот на Република Србија „не може да врши друга јавна функција или професионална дејност“, ова стои во членот 115 од Уставот на Србија. Александар Вучиќ во изминатите четири години, колку што е претседател на државата, често најавуваше заминување од функцијата шеф на Српската напредна странка, бидејќи е неспоиво со неговата уставна власт да биде претседател на сите граѓани на Србија, а истовремено на 750.000 партиски војници. Според политикологот Цвијетин Миливојевиќ, претседателот на Србија девет пати досега ветил дека ќе го направи тоа што го налага Уставот.

Имено, според информациите на порталот Нова.рс, на последната седница на Главниот одбор, дел од функционерите на Српската напредна странка побарале да се „прескокне“ изборот на претседател на партијата на Собранието (што веќе е одложено неколку пати). Предлогот е Вучиќ да остане на таа позиција до крајот на изборите кои се планирани за оваа пролет.

„Пред се ова се случува бидејќи Вучиќ сака да ги почека резултатите од гласањето на парламентарните, белградските и претседателските избори. Тој сака да добие нов мандат во партијата како победник на изборите, а доколку во некои случаи резултатите не се добри за СНС, ќе побара да се утврди неговата одговорност, како и одговорноста на партиското раководство.“, изјави соговорник за порталот Нова.рс по седницата на Главниот одбор, а информацијата потоа ја потврди и потпретседателот на СНС, Милош Вучевиќ.

Вучевиќ во своето обраќање пред медиумите објасни како се одвивале настаните на седницата.

„Во дискусијата имаше неколку учесници. Имаше предлог изборот на претседател на партијата да се одложи за мај следната година, а СНС да не го избира претседател на партијата на следниот конгрес, туку тоа да го направи по изборот за претседател на Србија. Ние денеска не гласавме за тоа, но беше одлучено дека одлуката за тоа ќе ја донесе претседателството на партијата“, рече Вучевиќ.

Вучиќ седум пати најави напуштање раководството на СНС

Вучиќ за прв пат најави дека ќе го напушти раководството на СНС во јули 2017 година, по победата на претседателските избори.

И така уште седум пати. Така барем тврди Цвијетин Миливојевиќ, кој уредно ги води тие записи.

„Ги земам предвид не само моментите кога Вучуќ најави дека ќе се повлече, туку и сите доцнења во донесувањето на оваа одлука“, вели Миливојевиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот