Рекорден прилив на директни странски инвестиции од 4,4 милијарди евра
Вицепремиерот и министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека минатата година ќе ја паметиме по рекордниот прилив на странски директни инвестиции, кој достигна ниво од 4,4 милијарди евра.
Препорачано
„Тоа е конечниот резултат за 2022 година постигнат и покрај кризата и глобалната неизвесност. И покрај сето тоа, инвеститорите продолжуваат да доаѓаат во Србија и да отвораат нови работни места“, рече Мали.
Тој за РТС посочи дека корелација со овој податок е и тоа што Србија остварува рекордно ниска стапка на невработеност бидејќи овој показател два квартали по ред е на ниво од 8,9 отсто, што е резултат што никогаш не е остварен.
„Ова се официјални податоци на Републичкиот завод за статистика, се бориме за секое работно место, стапката на невработеност кај младите е намалена од 50 на 25 проценти“, рече Мали.
Тој потсети дека за да се постигнат зацртаните цели и да се помине кризата со што помалку последици, државата со околу девет милијарди евра им помогна на стопанството и на граѓаните. Мали заклучи дека и покрај најлошите сценарија, земјата ги зачувала работните места и производствените капацитети, со сериозна поддршка на стопанството, што се сите резултати на нашите граѓани во тешки економски услови, пренесува Танјуг.


