Бобан Поповски/РК Мулти Есенс

Рекорд во македонскиот ракомет: Бобан Поповски од Мулти Есенс постигна 37 гола на еден натпревар

Младиот ракометар Бобан Поповски вчера одигра историски натпревар во домашниот ракомет. Крилото на Мулти Есенс блесна со неверојатни 37 погодоци во натпреварот против Вардар Неготино во рамките на младинската лига, поставувајќи рекорд кој тешко ќе биде надминат.

Скопскиот состав доминираше и славеше со неверојатни 86–14, резултат што исто така се смета за историски во официјални натпревари во македонскиот ракомет.

Поповски, кој настапува на крилната позиција, беше незадржлив во текот на целиот натпревар. Неговата голгетерска вечер добива уште поголема тежина ако се знае дека бројката од 37 поени е реткост дури и во кошаркарските натпревари, а камоли во ракомет.

Дека ќе следи ретко виден резултат Мулти Есенс најави по првото полувреме кое домаќините го добија со убедливи 42–8. Во вториот дел разликата само продолжи да расте до конечните 86-14.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот