11 C
Скопје

Регистрирани неколку одделни инциденти со пукање по завршување на гласањето

Синоќа околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ”, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициската станица Центар, синоќа околу 22.15 часот С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа”, се слушнало пукање од огнено оружје, а проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитајте и...  Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 443 лица со ковид-19

Во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај синоќа околу 22.20 часот пријавил дека на ул.„10″, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат”, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Поврзани вести

Османи: Имаме поддршка од сите земји членки на ЕУ, останува прашањето со Бугарија

Слободен печат

Петмина повредени во сообраќајка кај Струмица

МИА Агенција

ВО ЖИВО: Изјава на министерот Филипче и д-р Грозданова

Слободен печат

Фаучи се извини за изјавата дека британските власти прерано ја одобриле вакцината против ковид-19

Слободен печат

Макпетрол совети за возачите – што сѐ влијае на потрошувачката на гориво

СП.

Градските власти исчистија под Кале, се заканија со казни, па заборавија

Остави Коментар