Редица за метан на бензиската на Партизанска, од вечерва автобусите повторно во сообраќај

Фото: Слободен печат

Автобусите „ман“ на ЈСП „Скопје“, кои вчера и денеска не возеа затоа што останаа без метан, од вечерва се повторно во сообраќај, што значи дека најверојатно  е решен проблемот со гориво.

Вечерва автобусите можеа да се забележат како полнат метан на бензиската пумпа на „Макпетрол“ на булевар Партизански Одреди по што веднаш продолжуваа да возат на редовните линии. Граѓаните кои ги користат линиите 24, 2, 5, 15, 60 и кои денеска измрзнаа по станиците чекајќи залудно автобус, утре не би требало да имаат проблем за да стигнат на своите работни места и на училиште.

Како што е познато, според информациите што стигнуваа од синдикатите во ЈСП, 30-тината автобуси на ЦНГ-гориво останаа гаражирани и не можеа да се снабдат со метан затоа што претпријатието поради блокирана сметка не било во состојба да си го плати долгот кон добавувачот.

Од ЈСП нема информација дали ова што се случува вечерва значи дека е одблокирана сметката на претпријатието или пак е направен некаков договор со добавувачот околу снабдувањето со метан.

Автобусите на метан гаражирани, сметката на ЈСП блокирана, хаосот продолжува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот