Рецепт за прочуениот колач „Југословенка“, ретро пита од јаболка
„Југословенка“ со децении се наоѓа на нашите трпези. Нашите баби со задоволство ја правеа оваа пита со единствен вкус.
Препорачано
Состојки за бисквитот:
– 4 јајца
– 160 грама брашно
– 160 грама шеќер
– 1 прашок за печиво
– 60 мл топла вода
– 60 мл масло
Состојки за кремот:
– 1 кг јаболка
– 1 литар вода или сок од јаболко (ако сакате појак вкус)
– 200 грама шеќер (100 грама ако користите сок од јаболко)
– 3 пудинзи од ванила
– цимет по желба
– 500 мл слатка павлака
Подготовка:
Изматете ги белките со прстофат сол во цврст снег. Измешајте ги одвоените жолчки со масло, вода, брашно и прашок за печиво. Овие две смеси кратко измешајте ги со миксер на најмала брзина.
Загрејте ја рерната на 180 степени, истурете ја во плех обложен со хартија за печење и печете го бисквитот околу 25 минути.
Јаболката излупете ги и исечете ги на коцки. Се преливаат со 8 дл вода, се додава шеќерот(од страна се оставаат три лажици шеќер), циметот по желба и се варат 15-20 минути на тивок оган додека јаболката целосно не омекнат. Измешајте 3 пудинга и преостанатиот шеќер, па изматете со 2 дл вода. Јаболката тргнете ги од оган и изматете го пудингот. Се враќа на оган и се динста 3-4 минути.
Веднаш прелијте го изладениот бисквит. Се лади на собна температура, а потоа се става во фрижидер два часа. Кога колачот ќе се излади изматете ја слатката павлака и шлагот и премачкајте ја. Оставете го колачот да отстои пред да го послужите.


