Реал Мадрид славеше во „Ел Класико“ за финале во Евролигата

Ново евролигашко финале за Реал Мадрид/Белград, Србија/19 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Вториот финалист на Фајнал-фор турнирот во Евролигата во Белград е Реал Мадрид, кој во шпанската битка ја совлада Барселона со 86:83.

Ова беше четврти меѓусебен дуел на двата најголеми шпански клуба на завршните турнири. Сите три дуели се играа во финалето и интересно е што во сите три наврати победникот од тој дуел секој пат беше поразен во финалето.

Последен пат Реал играше во евролигашко финале во сезоната 2017/2018 кога триумфираше над Фенербахче. Ова ќе биде 19 финале за „кралевите“ во најсилното европско клупско натпреварување.

Уште еден натпревар со многу пресврти. Реал тргна подобро, поведе со 8:2 благодарение на расположениот Јабуселe. Но, Барса успеа да се врати и до крајот на четвртината замина со израмнет резултат – 19:19.

Во втората четвртина каталонскиот гигант беше многу подобар, особено во фазата на одбрана, а Миротиќ и Лапровитола беа нерешлива енигма за Реал. Епилогот од ваквиот однос на силите беше голем пресврт и заминување на голем одмор со предност за Барса од 11 поени разлика – 45:34.

По половина од третиот период се чинеше дека Барса рутински одржува голема разлика. Но, следеше серија на Реал од 17:2 и Реал ја дочека последната четвртина со четири поени предност.

ВИДЕО: Драма во Белград, Мициќ со тројка во последната секунда го урна Олимпијакос

Реал одлично притискаше, имаше и седум поени предност (66:59). На крајот тандемот Лапровитола-Миротиќ повторно носи драма и изедначени 75:75. По тајм-аутот одлична улога одигра Козер, пет врзани поени за 80:75 на две минути пред крајот. Барса потоа успеа да врзе четири поени, но Реал го имаше тој поен повеќе и следеше „пенал завршница“. Реал беше прецизен, додека Јабуселе имаше офанзивен скок на 2,7 секунди до крајот и му обезбеди на Реал „плус три“. Миротиќ се обиде од половина терен да израмни, но безуспешно.

Кај стрелците за Реал доминираше Козер со 18 поени, а на спротивната страна Миротиќ постигна 25 поени, 12 скока и пет асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот