ВИДЕО: Драма во Белград, Мициќ со тројка во последната секунда го урна Олимпијакос

Андреј Мициќ беше херојот на турскиот Анадолу Ефес/Белград, Србија/19 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Во едно неверојатно полуфинале со доста возбудувања, на Фајнал-фор турнирот во Евролигата кој се одржува во Белград (Србија), екипата на Анадолу Ефес Истанбул со 77:74 го совлада Олимпијакос.

Турците обезбедија пласман во големото финале после тројката на српскиот интернационалец Василије Мициќ во последната секунда од мечот.

Во победничките редови Ларкин забележа 21 поен (седум асистенции), а на спротивната страна во редовите на грчкиот состав МекКисик постигна 12.

Потсетување дека Анадолу Ефес ја брани титулата од минатата сезона, а во 2019 година беше второпласиран зад ЦСКА Москва.

Противник на турскиот претставник во финалната битка за трофејот (21 мај, сабота) ќе биде победникот од втората полуфинална средба меѓу Реал Мадрид и Барселона (вечерва, 21.00 часот) во „Штарк Арена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот