Реал Мадрид нуди 160 милиони евра за крилото на Баерн, Мајкл Олисе
Реал Мадрид би можел да го реализира еден од најголемите фудбалски трансфери на пазарот следното лето. Шпанските медиуми објавуваат дека претседателот на клубот, Флорентино Перез, подготвува понуда од дури 160 милиони евра за играчот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Мајкл Олисе.
Препорачано
Мадрид не игра на нивото на кое се навикнати нивните навивачи оваа сезона, па затоа „Сантијаго Бернабеу“ повторно размислува за големо засилување кое би го зајакнало тимот и би го смирило незадоволството на трибините.
Според мадридскиот „Ас“, Перез е воодушевен од настапите на крилото на германскиот клуб и го гледа како еден од клучните играчи за иднината на Реал Мадрид како идеално решение за напаѓачката линија, особено по сериозната повреда на Родриго, која ќе го држи надвор од теренот долго време.
Баерн го ангажираше Олисе од Кристал палас во летото 2024 година за околу 53 милиони евра, а сега би можел да заработи повеќе од трипати повеќе од неговата продажба. Од Мадрид наводно веќе се обидуваат да стапат во контакт со играчот за да му каже колку го сакаат, надевајќи се дека тој самиот би можел да побара трансфер.
Олисе во 37 настапи за Баерн, постигна 15 гола и запиша 26 асистенции, што го прави еден од најпродуктивните напаѓачи во Европа. Реал не е единствениот што сака да го донесе Французинот. Ливерпул, исто така, покажа голем интерес, гледајќи го како можна замена за Мохамед Салах доколку Египќанецот го напушти Енфилд.
Олисе е поврзан и со клубови како Манчестер сити, Арсенал и ПСЖ. Сето ова укажува дека тој би можел да биде една од најголемите ѕвезди на летниот преоден рок.


