Данзел Дамфрис/EPA/OLAF KRAAK

Реал Мадрид договори засилување од Интер, ќе плати 20 милиони евра

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис кариерата ќе ја продолжи во редовите на Реал Мадрид, објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо.

Според неговите информации, договорот меѓу сите страни е постигнат, а мадридскиот гигант ќе ја активира откупната клаузула во висина од 20 милиони евра за десниот бек на Интер.

Романо, со своето препознатливо „here we go“, потврди дека Дамфрис ја прифатил понудата на Реал Мадрид и дека трансферот е практично завршена работа.

Се очекува во наредните денови да бидат реализирани и сите формални процедури пред официјализирање на зделката.

Дамфрис беше еден од клучните играчи на Интер во изминатите сезони, а со своите настапи го привлече вниманието на европските гиганти. Со неговото доаѓање, Реал Мадрид добива дополнително засилување на десната бековска позиција за наредната сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот