Real Madrid Basket

Реал го прегази Баерн, Димитријевиќ беше помеѓу најефикасните

Баерн Минхен доживеа тежок пораз на гостувањето кај Реал Мадрид, откако „кралевите“ славеа со убедливи 93-70 во натпревар во кој практично немаше неизвесност.

Тимот од Минхен, за кој настапува македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, уште од стартот се соочи со расположен домаќин. Реал брзо наметна силно темпо и веќе кон крајот на првата четвртина создаде двоцифрена предност (17-6). Иако Баерн успеа да намали на 19-12 по првите десет минути, тоа беше само краток здив.

Во втората четвртина мадридскиот состав целосно ја презеде контролата, ја зголемуваше разликата од напад во напад и на паузата замина со високи плус 20 (53-33). Разликата продолжи да расте и по одморот, а во еден момент достигна и максимални 32 поени (85-53). Гостите во завршницата само делумно го ублажија поразот, но немаа сила за посериозен отпор.

Димитријевиќ беше меѓу поистакнатите кај Баерн со 11 поени, на кои додаде три скока и четири асистенции. Најефикасен во редовите на германскиот тим беше Џордан Џесуп со 17 поени, додека кај победникот се истакна Марио Хезоња со 16 поени.

На останатите средби, Париз го изненади Панатинаикос со 104-99 на гости, Валенсија кај Басконија славеше со 108-79, а Хапоел на свој терен славеш над Олимпија Милано со 92-86.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот