Кушнер (десно) со Трамп и саудиски бизнисмен/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Реакции по повлекувањето на Кушнер од мегапроектот во Белград: „Очајниот потег на Вучиќ да допре до Трамп се претвори во корупциска фарса“

„Ова беше очаен потег некако да се допре до американскиот претседател Доналд Трамп и да им се покаже на граѓаните како Американците се наши сојузници и слични работи. Се претвори во фарса на корупција“, вака главниот уредник на неделникот „Време“ Филип Шварм го коментира случајот „Генералштаб“ и повлекувањето на Џаред Кушнер од тој проект, објави Н1.рс.

Коментирајќи ја веста дека Џаред Кушнер се повлекол од проектот за Генералштабот, Шварм рече дека на некој начин можело да се претпостави.

„Тој скандал, што се случи со Генералштабот, само растеше и растеше. Тоа е слика и можност за владата во Србија која се однесува неодговорно и арогантно и која не ги почитува законите. Тој Кушнер ќе знае дека неговиот деловен кредибилитет и рејтинг само ќе паднат, ако почне да гради нешто во Белград буквално на овој начин“.

Тој рече дека „имаме работа со режим кој целосно го изгубил компасот“ и верува дека може да функционира во светот како што функционира во Мионица или Зајечар.

„На режимот повеќе не му е гајле за ништо“, заклучи главниот уредник на неделникот „Време“.

Зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се повлече од планираниот проект за изградба на хотелот „Трамп“ во Белград откако проектот предизвика протести и обвинение против висок српски политичар, објави „Волстрит џурнал“.

„Бидејќи важните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“, рече портпаролот на приватната инвестициска фирма на Кушнер „Афинити партнерс“.

Како што пишува „Волстрит џурнал“, имаше „нагла завршница на сè поконтроверзниот проект на кој Кушнер на кој работеше повеќе од две години“.

Обвинителството за организиран криминал денеска поднесе обвинение против министерот Никола Селаковиќ и уште тројца државни службеници во случајот со Генералштабот.

Србија одобри договор со Кушнер за изградба на луксузен хотел на местото на поранешниот генералштаб во Белград

Србија одобри договор со Кушнер за изградба на луксузен хотел на местото на поранешниот генералштаб во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот