Разговор со психологот Кирил Мишев: Како психички да се справиме со неизбежниот конфликт со соседите?

кирил мишев
Кирил Мишев, Фото: Приватна архива

Соседите се или благослов или трн во нога…трето нема!

Кирил Мишев е лиценциран млад психолог, едукант по невропсихологија и невродијагностика во институтот „Когниција” и М-р по клиничка психолија, кој верува дека само со работа на себе може да имаме посвесен и поразвиен живот, во сега и овде. Тој е основач и претседател на „Персона” е онлајн психолошко советувалиште кое е креирано со цел да биде безбедно место каде што секој може да гради доверба, да работи на себе и својот личен раст, на своите чувства и емоции без дискриминација и осудување. На Кирил му поставивме прашање, со цел да ни помогне да решиме проблем на конструктивен начин.

Како да се справиме со неизбежниот конфликт со соседите?

Освен ако не живеете во изолирана кабина во шума, во пештера или пустина веројатно имате соседи. Секој од нас барем еднаш во животот навлегол во конфликт со комшија од соседниот стан, зграда, куќа, имал пак имал некаков друг проблем и тоа е во ред. Но дали сте се запрашале како сме дошле до тој конфликт или недоразбирање и на кој друг начин можеме да се справиме без да повредиме некој друг, а пред се самите себе? Затоа што списокот на непожелни карактеристики е голем, како на пример: забава до доцните часови, расфрлан смет, паркинг, и итн. Светот е голем и е исполнет со различни типови на луѓе. Понекогаш тие луѓе не се одлични соседи, но не можеме точно да избереме кој живее околу нас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by persona (@persona.mk)

Почнете од себе

Еден од најважните моменти е како да останеме смирени во овие конфликтни ситуации и да не излеземе од контрола или поточно потпаднеме под влијанието од спротивната страна. Затоа што сите ние сме луѓе и можеме да се иритираме, вознемириме или возвратиме на несоодветен начин, но доколку имаме контрола и познавање на самите себе и точно знаеме кои ни се нашите здрави граничи и како реагираме под стрес, притисок или конфликти, многу лесно можеме и да излеземе од истите овие ситуации. Сè почнува од нас самите и како ние ја доживуваме ситуацијата во тој момент, и што за нас што претставува конфликт?

Што за нас претставува конфликт?

Некој реагира импулсивно, некој се повлекува, некој е преплашен, на друг му треба простор за размислување итн. Во нашите глави во тој момент настанува торнадо од мисли, емоции, чувства… Јас секогаш се земам за пример, затоа што најдобриот пример е од себе од прво лице „ЈАС”. Справувањето со стресни или конфликтни ситуации е техника која се учи во текот на животот, се почнува со свесност и повторно ќе повторам со себе спознавање. Најчесто конфликтните ситуации настануваат кога ние проектираме нешто свое, или незадоволена потреба врз спротивната личност, нешто сопствено – неприфатено или нерешено кое во тој момент го отпуштаме во вид на фрустрација и го намалува лачењето на хормонот Кортизол кој во ниски концентрации доведува до агресија и истото е научно докажано.

Kирил Mишев 2
Kирил Mишев, Фото: Приватна архива

Решавање на проблемот

Во минатото доколку ми пречело доцното седење и вревата на соседите, а утредента требало да ги извршам сопствените обврски и сум бил ненаспан, неконцентриран и лесно иритиран, од еден нерешен конфликт сум навлегувал во милион мали конфликти со другите луѓе. Се додека не дојдов до свесност дека тој проблем треба да го решам, но на начин без да се расправам и расипам односи со комшиите, па затоа решив да седнам со нив и поразговарам да најдеме заедничко решение. Го споделив мојот проблем и фрустрација со нив им објаснив како се чувствувам и дека нивните постапки и неодговорност влијаат на моите обврски, па така дојдовме до решение забавите да бидат само за викенд, кога повеќе од времето е слободно. Со тоа избегнавме агресивен конфликт и дојдовме до решение поволно за двете страни. Но, благодарение на познавањето на моите здрави граници и како тие се пробиени или нарушени. Во спротивно би настанала кавга со агресија, дофрлување и нерешен, па дури и позаострен конфликт.

Затоа менталното здравје и работењето на себе доведуваат до психо-емотивна стабилност и свесност за сопствените здрави граници, нивното пробивање, и справување во конфликтни ситуации не само со соседите но и секојдневието.

Мали совети за решавање на конфликтни ситуации

  • Опуштете се
  •  Не одговарајте со лутина.
  •  Одговорете топло.
  •  Прашајте дали можете да разговарате лице в лице.
  •  Слушајте
  •  Сочувствувајте / обидете се да разберете
  •  Комуницирајте како се чувствувате.
  •  Работете кон решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот