Разговор со Дуда Хаџихасан, основач на „Цветен бар“: Монстерата го прочистува воздухот во домот

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Иако пролетта вообичаено е омиленото годишно време на флористите, сепак и есента може да магична и расцветана во сите нејзини карактеристични бои и мириси,

Дуда Хаџихасан е уметница и флористка која последниве три (пандемиски) години ужива креирајќи флорални убавини во својот „Цветен бар“ („Flower Bar“ – flowers & gifts). Флористиката е нејзината омилена наука. Поголемиот дел од денот го поминува во истражување и создавање на нови цветни аранжмани и грижејќи се за голем број видови салонски растенија.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Колку години професионално се занимавате со флористика?

– Од кога знам за себе, љубовта и посветеноста кон природата и нејзините мирисни дарови се мојот двигател и вечна пасија. Повеќе од десет години како флорален уметник работам со сите видови на свежо и суво цвеќе, но и салонски растенија како дел од ентериерното уредување на еден дом.Сепак, последните три години во мојата работа ќе ги вбројам како професионални, особено откако решив да создадам свое ателје во кое ќе можам слободно да творам.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Опиена од убавината на секој еден цвет што го почувствувале моите сетила, беше доволна причина комплетно да се препуштам на тоа уживање отворајќи го мојот „Цветен бар“.

Како еден флорист ужива во есенските денови?


– Есента знае да биде многу инспиративна. Иако пролетта вообичаено е омиленото годишно време на флористите, сепак и есента може да биде магична и расцветана во сите нејзини карактеристични бои и мириси.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Можеби не се слуша звукот на пчелите што ја слават секоја расцутена булка, но се чувствува мирисот на убавите големи тикви, печените костени и класовите пченки.

Цветните тикви се Вашиот препознатлив аранжман во овој период од годината. Дали се специфични за изработка?

– Цветните тикви се мојата најголема љубов, особено во овој период од година. Подготовката бара внимание и посветеност, со цел аранжманот подолго време да остане свеж. Најпрво треба да се одбере интересна форма на тиква што треба внимателно дасе провери да не е оштетена при транспорт бидејќи тоа ќе делува на трајноста на целиот аранжман.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Се засекува пошироко горниот дел и се вади целата внатрешност со внимателно длабење и оформување. Откако убаво ќе се извади внатрешноста, тиквата се обложува со посебна фолија со цел да нема допир со свежото цвеќе. По поставувањето на фолија- та, тиквата се пополнува со флористички сунѓер, претходно убаво натопен со вода и со тоа е формирана базата за создавање на аранжманот.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Следува најубавиот дел, а тоа е креирањето соодветен цветен аранжман со комбинирање на повеќе видови на свежо цвеќе или уникатни комбинации на свежо и суво цвеќе и украси од најразлични материјали.

Љубител сте на салонско цвеќе, а притоа ги едуцирате Вашите клиенти како да го направат вистинскиот избор. Кои типови на салонски растение се најлесни за одржување и кои ги препорачувате за сечиј дом ?

Фото: Принтскрин – Инстаграм

– Изборот на соодветни салонски растенија зависи од многу фактори. Секое растение си бара соодветна нега и простор, но брзиот начин на живот некогаш не ни остава доволно време да им обрнеме внимание на нашите зелени убавици. Мојот прв избор на салонско растение е раскошната монстера, апсолутниот хит во изминативе години преплавувајќи ги социјалните мрежи, но и многу други индустрии, како модната.Името го добила од францускиот ботани- чар Адансон во 1763 година, најверојатно поради необичниот облик на листовите со длабоки исечоци, кои може да дадат „мон- струозен“ изглед и на нејзината способност да расте и до 20 метри висина. Најдобро е да се одгледува на светло место, но никако на директно сонце и многу топлина. Оп- тимална температура за раст е од 20 до 35 степени Целзиусови. Бидете внимателни во зима бидејќи температурата не смее да падне под 12 степени. Монстерата исто така одлично ја поднесува топлина од централ- но греење.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Замија, Сансеверија, Драцена, Фикус се само уште неколку предлози за салонски растенија што ќе го разубават сечиј дом, без домаќините да трошат многу време во нивно одржување. Многу значајно кај овој тип растенија е што се моќни прочистувачи на воздухот. Неколку поголеми растенија во дневната соба ќе придонесат за почист и посвеж воздух.Доколку во вашиот дом чувате милениче, особено мачка и куче или имате мали деца чија љубопитност во првите години од животот е особено истакната, треба да внимавате каде ги поставувате салонските растенија и секако да направите соодветен избор. Листовите се опасни само доколку некој се обиде да „грицне“ од нив.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

Доколку во вашиот дом чувате милениче, особено мачка и куче или имате мали дечиња чија љубопитност во првите години од животот е особено истакната треба да внимавате каде ги поставувате салонските растенија и секако да направите соодветен избор. Листовите се опасни само доколку некој се обиде да „грицне“ од нив.

Како растенијата во домот според Вас влијаат на психичкото здравје?

Фото: Принтскрин – Инстаграм

– Доколку во вашиот дом или работен простор има барем една зелена или цветна убавина што живее секојдневно со вас, веќе сте на добар пат. Секое растение плус, независно од типот и од големината, соз- дава попријатна и позитивна атмосфера за вас и вашето опкружување.Грижата за едно или за повеќе делува на вашето здравје како кратка дневна медитација. Мој совет е просторот, во кој поминувате поголем дел од денот, да го претворите во мала зелена оаза. По само еден месец уживајќи во вашиот домашен зелен рај, ќе забележите позитивна промена кај себе. Растенијата делуваат позитивно на нашето расположение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот