Ратко Младиќ имал оперирација на срце во Холандија

Ратко Младиќ на 8 јануари бил опериран во холандска болница и му бил вграден пејсмејкер, а веќе следниот ден бил вратен во притворското одделение во Шевенинген и пријавил кај семејството дека е добро, обелоденил  неговиот син Дарко Младиќ.

 

Српските лекари специјалисти, кои ја погледнаа неговата документација, се на став дека според сите параметри и индикации тој не е пациент за пејсмејкер и предложија друг метод на лекување. За овој пејсмејкер, кој сега му е вграден, нашите специјалисти сметаат дека не требало да му биде вграден, бидејќи е потенцијално опасен по неговиот живот, а ако веќе морало да му се вгради, тогаш се размислувало за друг тип, што за неговата состојба било поприфатливо. Холандските лекари не сакаа да го прифатат тоа, инсистираа на овој пејсмејкер и по секоја цена го поставија“, изјави Дарко Младиќ.

Тој истакнал дека Ратко Младиќ кога во притвор му било кажано дека мора да се оперира, прво потпишал согласност, но подоцна ја повлекол. Додал дека после тоа неколку пати го убедиле да прифати и конечно повторно потпишал согласност.

Дарко Младиќ изјавил дека семејството постојано укажувало дека неговиот татко не се лекува добро во Хаг, дека српските лекари констатирале бројни пропусти, дека терапии се одложуваат или инсистирале на некои кои не даваат резултати.

Поранешниот командант на војската на Република Српска отслужува доживотна затворска казна за геноцид, злосторства против човештвото, кршење на законите или обичаите на војната за време на војната во Босна и Херцеговина во периодот 1992-1995 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот