Расте минималната плата во Грција – од утре 50 евра покачување

Фото: Пекселс/willfried-wendefotoblend

Минималната плата во Грција ќе се зголеми од 780 евра бруто на 830 евра бруто од 1 април – најави премиерот Киријакос Мицотакис.

Во март 2023 година минималната плата беше зголемена за 9,4 отсто.

Инфлацијата во Грција се врати на 4,3 отсто во 2023 година, според податоците на Европската комисија, откако надмина девет отсто во 2022 година.

„Кога дојдовме на власт во 2019 година, минималната плата беше 650 евра. Тоа претставува зголемување од околу 27 отсто“, потсети Мицотакис и рече дека неговата цел е „во 2027 година просечната плата во Грција да биде 1.500 евра, а минимум 950 евра“, рече Мицотскис.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот