Рашковски реагира: Обвинителката Ивана Трајчева го промаши обвинителниот акт

Драги Рашковски
Фото: МИА/Јован Димоски

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски ја окриви обвинителката Ивана Трајчева оти го промашила обвинителниот акт.

-Ивана Трајчева две години тврди дека на сметките на моите малолетни деца има огромна сума на незаконски средства. Милиони…. За на последното рочиште, сама, од немај каде, не дека и проработи свеста, да смени дека од моја страна на нивните сметки се внесени 475 евра!!! Да. 475 евра. За толку две години се труе јавноста.
Сега ќе треба да им погледне во очи на сите судии кои ги лажеше овие две години за да блокираат средства убедувајќи ги дека има докази дека станува збор за сериозен криминал, се вели во реакцијата од Рашковски.

Тој посочува дека на последното рочиште, обвинителката направила три потези за кои Советот на Јавни обвинители не смее да остане нем набљудувач.

Прашува дали мора да има криминал бидејќи таа сака така и зошто на затворена истрага испратила до ДКСК документација со цел да најдат нешто незаконско во неговите средства.

-Откако призна дека нема ништо криминално, а и незаконско зголемување на мојот имот (кој патем се има зголемено за 4.000 евра додека сум бил на функција), ЈО Ивана Трајчева направи досега невидено „Salto mortale” во обвинителската историја. Во својата изјава вели дека бидејќи обвинителството не можело да најде ништо незаконско во моите средства, ја испратиле документацијата до ДКСК за тие да најдат!!! Замислете, на затворена истрага, јавен обвинител праќа материјали до друга институција која нема законска можност да гони кривично да врши истрага, само затоа што тие не успеале да најдат ништо незаконски. Мора да има криминал затоа што она така сака?, вели Рашковски.

Поранешниот генерален секретар на Владата потенцира дека кога веќе е јасно оти случајот „Софтвери“ е беспредметен и без докази за сторено кривично дело, Ивана Трајчева поднесува обвинителен предлог против него за сторено кривично дело „Фалсификување исправа”.

-После две години и се разјасни дека не може средства од 2017 и 2015 година кога и не сум бил ни функционер да потекнуваат од 2019!!! Ете за таква динамика на логика правиме муабет во обвинителниот акт. Обвинителот кој ќе промаши 99 проценти не се вика ОБВИНИТЕЛСТВО. Не е тоа одраз на состојбата во обвинителството. Таму има многу стручни правници. Има име и презиме. Се вика Ивана Трајчева, порача Рашковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот