Рашковски им се извини на сите кои биле навредени од објавената „бомба“
Генсекот на Владата, Драги Рашковски, на денешната прес конференција упати извинување до сите кои биле навредени од неодамна објавената „бомба“ во медиумите.
Во објавената „бомба“ стануваше збор за тендерот за набавка на радарски систем.
– Жално е кога партија која 11 години беше на власт, не знае кои се ингеренциите на генерален секретар на Владата. Жално е заради тоа што компанијата М-НАВ е во целосна сопственост на Македонија. Ние слушнавме во бомбите со што се занимавал генералниот секретар за време на ВМРО-ДПМНЕ. Најверојатно со некои други документчиња. Во 2013 година, Собранието носи закон со кој се одобрува заемот за модернизирање на М-НАВ. Откако се потпишува договорот, се изготвува тендерска спецификација. Тој е потпишан и одобрен од Живко Поповски, татко на Никола Поповски. ВМРО-ДПМНЕ постојано држеше прес конференции против мене, но на некои луѓе не треба да им простувате, затоа што на добрината ви враќаат со лошо. До небо се извинувам на сите кои се нашле повредени во оваа верзија од разговорите, се извинувам и до Италија, ромската заедница, каде имам мал милион пријатели – изјави денеска Рашковски.