Расчинет свештеникот Френсис Мишел, кој заедно со „жолтите елеци” пееше „Макрон е глупав”

Отец Френсис Мишел кој се наоѓа во Планке, беше известен на 15 мај дека е разрешен од Црквата.

Свештеникот Френсис Мишел, кој стана познат на социјалните мрежи по тоа што одржа „антимакронска миса” за време на кризата заедно со „жолтите елеци”, е расчинет од католичката црква, јави дописникот на МИА.

На социјалните мрежи, снимките од песната се се уште достапни. Тие покажуваат толпа на „жолти елеци” околу еден свештеник во црква минатата година. Оваа група заедно со свештеникот ја пее песната под полу-забавното, полу-острото око на јавноста: „Емануел Макрон / глупак/ ќе дојдеме да те побараме кај тебе …”

Отец Френсис Мишел кој се наоѓа во Планке, беше известен на 15 мај дека е разрешен од Црквата.

Френсис Мишел ги губи правата соодветно на свештенички статус, како и на црковните достоинства и должности “, се вели во соопштението за печатот од епархијата на Евро, под чија надлежност се наоѓа. Тој отсега нема право ракоположените служенија и следствено на тоа, тој веќе не може да слави Евхаристија, да проповеда, законски да ги извршува сакраментите на Римокатоличката црква.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот