Раперот упорен: Ќе дојде денот кога ќе бидам претседател на САД

инстаграм

Американскиот рапер Кание Вест повторно изјави дека еден ден тој ќе биде претседател на САД.

Во емисијата на стриминг сервисот „Apple Music”, музичарот пред излегувањето на својот нов албум „Jesus is King” зборувал за различни теми – од порнографија до Доналд Трамп.

https://www.instagram.com/p/BjsvQaNAeFv/

Тој рекол дека кога отворено го поздравувал републиканскиот претседател сакал да ги нервира неговите противници – демократите.

https://www.instagram.com/p/Bjfr7Rehq-5/

Раперот е уверен дека тој еден ден ќе биде во Белата куќа.

„Ќе дојде време кога ќе бидам претседател на САД”, рекол тој, наведувајќи дека тогаш ќе се сети на оние кои не биле во состојба културолошки да го разберат тоа што го правел.

https://www.instagram.com/p/BjsvxMDgjVY/

Кание Вест и претходно зборуваше за намерата да се кандидира за претседател на САД во 2020-та година, како и тоа дека тој би бил „поинаков претседател”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот