Рангелова е ослободена од обвинението за „Шамарите во Центар“

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението за Даниела Рангелова, Борче Богдановски и Милан Андоновски кои до денед беа обвинети во случајот „Насилствата пред Општина Центар“.

За обвинетата Рангелова, појасни Фетаи, во текот на главната расправа произлезе дека од нејзините дејатвија не произлегува делото за кое се товари.

– Од изнесените докази не се покажа нејзина инволвираност во делото и од тие причини не опстанува обвинението против неа, изјави Фетаи.

За сите обвинети, појасни Фетаи, од изнесените докази се покажа нивната инволвираност, освен Андоновски и Богдановски.

– Однесувањето на двајцата немаат таков интензитет на насилно однесување и од тие причини се откажувам од гонење против нив, изјави Фетаи.

Обвинението не беше повлечено за Миле Јанакиески и Никола Груевски и за останатите обвинети.

Обвинителката Фетаи, го прочита прочистеното обвинение, според кое првообвинетиот Никола Груевски на 1 јуни 2013 година телефонски од второобвинетиот Миле Јанакиески побарал преку лицето Томислав Лазаров да организира група луѓе од централните комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешното судење, завршен збор ќе има обвинителството, а потоа и обвинетите и нивните адвокати.

Во случајот веќе паднаа три пресуди за Мирко Пецев, кому му се судеше во одвоена постапка, како и за двајца советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ во 2013, кои признаа вина и добија условни казни.

Адвокатите од одбраната реагираа дека се прави повреда на постапката со продолжувавање на завршни зборови, по суштинска измена на обвинителен акт и бараа тоа да биде ставено на записник.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Обвинетите се товарат за поттикнување и организирање на насилните протести пред просториите на Општината летото во 2013 година кои, според обвинителството, биле организирани со образложение дека се против наводно запирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“ на улица „Македонија“, а всушност причината била да се спречи седница на Советот на Општина Центар на која требало да се променат деталните урбанистички планови, меѓу кои и оној за „Мал ринг“. Во тој период локалната власт во Центар ја имаа СДСМ и коалицијата, со Андреј Жерновски како градоначалник, додека извршната власт и Градот Скопје беа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот