Рама со порака граѓаните: По секоја цена треба да избегнеме хуманитарна катастрофа како во Италија

Албанскиот премиер Еди Рама на својот профил на Фејсбук објави фотографии од Италија на кои се прикажува конвој на воени камиони кои превезуваат жртви предизвикани од коронавирусот, испраќајќи силна порака до албанските граѓани дека треба строго да ги почитуваат владините мерки.

Додава дека двете најпогодени области во северниот дел на Италија презеле мерки со задоцнување кога „непријателот“ напредувал, поради што и бројот на инфицираните и починатите е вознемирувачки.

Апелира до граѓаните на трпеливост и додава дека во неговата земја по секоја цена треба да се избегне хуманитарна катастрофа.

„По секоја цена и услови треба да избегнеме хуманитарна катастрофа, како онаа во Бергамо и во северниот дел од Италија, каде здравстениот систем падна на колена, затоа што не се заштити од ѕидот на затегнатите мерки“, констатираше тој.

– Трпение, трпение, трпение! Не смее да ни се случи за да наумите што може да не снајде доколку не се борме колку што треба – напиша Рама на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот