Рама најави испраќање на два сателити во орбитата

Еди Рама / Фото: EPA-EFE/JOHN THYS / POOL

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната пленарна седница на Парламентот најави дека во текот на идната година владата ќе испрати два сателита „Албанија1″ и „Албанија2″ во орбитата.

Неговата изјава наиде на потсмев на опозицијата но тој продолжи игнорирајќи ги.

– Ќе купиме дронови. Ќе испратиме и сателити во орбитата. Смејте се, смејте се. Кога ќе ги видите сателитите „Албанија” во орбитата и тоа не во следниот мандат, туку идната година. Тоа ќе бидат Албанија 1 и Албанија 2, рекол Рама не наведувајќи повеќе детали, пренесува АБЦ њуз.

Со тоа, додава истиот извор, Албанија се очекува да биде прва земја од регионот која ќе испрати сателити во орбитата.

Меѓу 10-те главни земји кои доминираат во сателитската индустрија се САД, Кина, Русија, Велика Британија, Јапонија, Индија. Се смета дека има околу 7.941 сателити, поголемиот дел им припаѓаат на САД, наведува телевизијата.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот