Рама бара Договорот и анексот за спроведување да бидат вклучени во процесите за членство на Косово и на Србија во ЕУ

Еди Рама / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Албанскиот премиер, Еди Рама, реагираше за текот на процесот на дијалог меѓу Косово и Србија, потсетувајќи на суштинското значење на имплементацијата на Договорот и анексот за спроведување.

– Како што се приближуваме до состанокот на Советот на Европа на 21 март, од суштинско значење е да се потсетиме дека имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, заедно со неговиот анекс за спроведување, е од големо значење за одржување на безбедноста, стабилноста и мир на Западен Балкан, објави Рама на платформата Икс.

Според него, за да се успее во овој процес, Договорот и Анексот за имплементација мора да бидат „официјално вклучени како составен дел на соодветните процеси за членство на Косово и Србија во Европска Унија“.

Исто така оценува дека „не е доволно само тоа што Договорот е правно обврзувачки“.

– За да се обезбеди напредок, Договорот и Анексот за спроведување треба да бидат формално вградени како дел од соодветните процеси за членство на Косово и на Србија во ЕУ. Секое одложување во тоа само го зајакнува статус квото. А статус квото во врска со овој стратешки клуч за мирно, просперитетно и европско соседство среде Европа не и служи на безбедноста на самата Европа, наведе Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот