Ракување, ама со нозе: Коронавирусот принуди политичари во Африка на необичен поздрав

Коронавирусот остави трага во бројни сфери на секојдневното живеење во многу земји, па така и на самиот начин на поздравување меѓу луѓето.

Па така, претседателот на Танзанија Џон Магуфули за време на средбата во Занзибар со опозицискиот политичар Сеиф Шариф Хамад се позрави, такашто со нозете симулираа вообичаено ракување за да ја избегнат можната зараза.

Луѓето и во други земји започнаа да користат нови начини на поздравување без досегашното ракување, за да го намалат ризикот од разболување.

Еден од повеќето примери се и случајот на германскиот министер за врантрешни работи Хорст Зенхофер кој не се ракуваше со канцеларката Ангела Меркел.

Слично, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во својата предизборна кампања одлучи да не се ракува со поддржувачите поради страв од коронавирусот.

Џонсон не е загрижен од коронавирусот: Јас се ракувам

Од друга страна, британскиот премиер Борис Џонсон беше дециден и кажа дека не стравува од вирусот Ковид-19 и дека ќе продолжи да се ракува со сите.

Не е некултурен, само внимателен: Нетанјаху повеќе не се ракува со поддржувачите

Коронавирусот ги менува традиционалните и верските обичаи ширум светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот